Во една од групите каде старите скопјани споделуваат сеќавања и спомени беше објавена оваа фотографија. Ќе се сетите ли каде е направена оваа фотографија? Ова место и од оваа перспектива сега изгледа поинаку.
Ова е подвожњакот кон Црниче (лево) и Пржино нагоре. Десно е Геолошкиот Завод кој го срушија и на негово место сега е палатата наречена Емануел Чучков каде денес се сместени неколку државни институции.