Управата за јавни приходи продава движни и недвижни предмети запленети по основ на ненаплатени даночни долгови на јавна аукција што ќе се одржи на 31. октомври.
На распродажбата се нудат автомобили како што се: Алфа Ромео за 75.000 денари, Мерцедес за 70.000 денари, Фиат Дукато без почетна цена и Фолксфаген Пасат за 730.000 денари.
Дополнително, на аукцијата ќе се наддава и за компјутери, телевизори, разни видови машини, земјиште и други движни и недвижни предмети.
Целата листа на предмети е достапна на веб страницата на УЈП.