Преку 2 милиони евра за косењето на тревата и кастрењето на дрвјата долж државните автопатишта во Македонија, 350.000 евра за одржувањето на зелените површини.
По толку, имено, државното претпријатие и една општина планираат да потрошат за косењето на тревата, кастрењето на гранките, собирањето на отпадоците….
Малку или премногу за вообичаени и не толку сложени сезонски работи за кои не е потребен голем број на вработен и голема механизација?
Поединечните цени се: 12 денари за метар квадратен искосена трева и плевел, 2.520 денари за сечење на дрва во патен појас, до 6.000 денари за собран кубик смет…
Деновиве, граѓаните, пак,м регаираат дека автопатите не се чисти, дека тревите не се искосени целосно, а некои делници не се прегледни и дека практично на терен работат само по двајца-тројца работници…