А1 Македонија се закити со награда за проектот “А1 Аcademy” преку кој повеќе од 100 млади лица од 18 до 25 години се стекнаа со дигитални вештини на модерни и актуелни теми како што се: Digital Marketing, Business Analytics и Digital Entrepreneurship.
“Горди сме на успешната реализација на сите три модула, а овие резултати се само уште еден мотив да продолжиме со активностите во спроведување општествено-одржливи проекти” – изјави Елена Димовска, Раководител на одделот за корпоративни комуникации.