Најмалку дванаесет евра на час за секого. Тоа е идејата зад задолжителните правила за минимална плата во Германија.
Но, работодавците имаат трикови што можат да ги користат за да ја поткопаат таа идеја.
Вторник наутро во Франкфурт. Царинските возила се на пат кон едно од најголемите градилишта во градот. Станува збор за упад на Агенцијата за финансиска супервизија за незаконско работење.
„Истражуваме сомневање за прекршување на договорот за вработување“, вели Арне Низтрат од царинското седиште во Франкфурт. Контролирани се 260 лица, како и раководството на градилиштето. Царинските службеници собираат лични податоци и на лице место ги проверуваат градежните документи.
На властите ќе им требаат денови подоцна да го проценат сето тоа. Ако воопшто фатат се. Имено, на градилиштето се дознава брзо, а потоа работниците „понекогаш исчезнуваат во некое скривалиште, затоа што овде се снаоѓаат подобро од нас“, разочарано вели Низтрат.
Совети за оние кои бараат помош
Антонио (името е сменето) е некој што си го знае патот околу градилиштата. Не сака да каже каде работел, ниту пак неговото вистинско име. Тој е еден од ретките кој на крајот го најде патот до советувалиштето „Фер мобилност“.
Наменет е за работници од Источна и Централна Европа, а е поврзан со Германската конфедерација на синдикати. Обезбедува информации за работничките права, како и поддршка во случај на спорови и конфликти. На Антонио му се дадени објаснувања на мајчин јазик, но се уште не е сигурен дека се осмелува да си ги бара правата од работодавецот.
Недостаток на персонал
Антонио никогаш не бил фатен во царинска контрола. Дали мисли дека е добро или лошо? Тој вели дека не знае. Нема договор за вработување, нема одредено работно време и не се плаќа по час, туку по квадрат. Пресметано во однос на работното време, тој некогаш заработува 3,50 евра, а некогаш 5 евра на час. Сепак, тој признава дека инспекцијата „можеби му помогнала“.
Сепак, бројот на контроли е намален во последните десет години - од речиси 63.000 на околу 53.000 годишно на ниво на цела Германија. Една од причините е: недостаток на кадар.
Но, тоа не е се, критикува Франк Букенхофер, кој е одговорен за царината во полицискиот синдикат. Тој укажува на проблеми во организацијата на царинската служба и се залага за формирање на сеопфатна финансиска полиција со соодветни овластувања.
Извор: faktor.mk