Според истражувањето на аналитичката фирма Revelio Labs, доаѓањето на вештачката интелигенција најмногу ќе ги замени работните места кои обично ги извршуваат жените.
– Распределбата на половите по занимања ги одразува предрасудите длабоко вкоренети во општеството, при што жените најчесто се ограничени на улоги како административна помошничка или секретарка – рече Хаки Озденорен, економист во компанијата.
Самиот напредок на вештачката интелигенција доведува во прашање многу занимања во индустријата, бидејќи сопствениците на бизниси размислуваат да ги елиминираат работните места кои можат да се заменат со вештачка интелигенција, пренесува Yahoo news.
На пример, моделот ChatGPT може да пребарува, прегледува и сумира голема количина текст, задача која на човекот би му одзела значително подолго.
Се разбира, тоа не значи дека оние чии занимања бараат повеќе вештини се сосема безбедни.
Прелиминарните истражувања, исто така, покажуваат дека генеративната вештачка интелигенција може да влијае на професиите со високи плати отколку на нетрадиционалните работни места во производството.
„Унапредувањето и обезбедувањето можности за преквалификација ќе бидат клучни за жените да се движат кон развојот на работните места“, се вели во извештајот.
Извор: biznisinfo.mk