Од 24 до 31 октомври учествувајте на Регионалниот саем за вработување и привлечете кандидати
Поради актуелната состојба на пазарот на труд на кој владее огромна побарувачка за квалитетен кадар, важно е да се истакнете меѓу конкуренцијата. Затоа, Vrabotuvanje.com го подготвува најголемиот онлајн Регионален саем за вработување, заедно со најголемите портали за огласи за работа од регионот, кои веќе четиринаесетта година по ред успешно го реализираат овој онлајн настан.
- Времетраење: од 24 до 31 октомври 2023 година.
- Локација: regionalensaemzavrabotuvanje.com
- Employer Branding досег: 7.200.000 корисници / потенцијални кандидати
- Попуст за рана пријава: 10%
Зошто да учествувате на онлајн саемот?
Минатата година на саемот се остварени над 520.000 посети и 39.000 апликации на огласите за работа, а за таков досег беше потребен само интернет!
Оваа година виртуелниот саем ќе биде активен 8 дена од 0 до 24 часот и достапен преку сите (десктоп/мобилни) уреди. Саемот ви овозможува да ја претставите вашата компанија на едноставен и ефективен начин пред голем број баратели на работа во една или повеќе земји: Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Словенија. Преку директна комуникација со вработените преку чет или видео повик, ќе можете да најдете кандидати кои се вистински „фит“ за вашиот постоечки тим.
Предноста на онлајн саемот е што со минимална инвестиција во човечки и временски ресурси, можете да имате свој брендиран штанд кој во најдобро светло ќе ве претстави пред голем број потенцијални кандидати и тоа во само неколку чекори.
Пријавете се уште денес, бидејќи добивате 10% попуст за рана пријава до 15 август.
Резервирајте го вашиот штанд на Регионалниот онлајн саем за вработување денес!