Во април годинава во споредба со април 2022, зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 14.7 %, а реално за 0.5 %), соопшти Државниот завод за статистика. Во групата Трговија на мало, освен трговија со горива, прометот номинално е зголемен за 9.6%, а реално бележи пад за 1.5%.
Во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, има номинален раст за 4.4%, а реално пад за 3.5%.
Опаѓање и на реалната и на номиналната стапка е забележано само во групата Трговија на мало со автомобилскигорива (номинално за 16.5%, а реално за 15.0%).