Сите прават грешки, но не сите учат од нив. Некои луѓе ги повторуваат истите грешки одново и одново и поради тоа не можат да направат вистински напредок. Истражувачите од лабаторијата за клиничка психофизиологија на Државниот универзитет во Мичиген откриле дека кога станува збор за правењето грешки, луѓето можат да се поделат во две групи: оние кои имаат фиксен односно статичен начин на размислување („Заборави, никогаш нема да бидам добар/добра во ова“) и оние кои се со начин на размислување насочен кон развој („Каква шанса! Ајде да видиме што направив погрешно, за да не го повторам истото“).
Обрнувајќи внимание на грешките, ние вложуваме повеќе време и напор за нивно исправање, вели авторот на студијата Џејсон Мозер.
Емоционално интелигентните луѓе се успешни бидејќи никогаш не престануваат да учат. Тие учат од своите грешки, успеси и константно се менуваат себеси на подобро.
Ова се најчестите шест грешки што успешните луѓе не ги прават повеќе од еднаш:
Ја прават истата работа одново и одново и очекуваат поинаков резултат
Успешните луѓе треба само еднаш да направат грешка за да почнат да дејствуваат. Грешката е таа која ќе им помогне да увидат каде бил проблемот. Паметните луѓе знаат дека доколку сакаат да направат промена ќе треба да го променат својот пристап, неовисно колку и да е тешко.
Не ја гледаат пошироката слика
Лесно е да се зафатите со работа и напорно да работите од ден за ден, притоа полека губејќи се во секојдневието. Успешните луѓе се фокусираат на дневните приоритети, но никогаш не ја забраваат големата слика и главната цел кон која се фокусираат. Тие знаат дека секоја акција придонесува кон остварување на крајната замисла. Доколку се изгуби големата слика, тогаш секој останат сегмент ќе страда поради тоа.
Се внесуваат во улогата на жртва
Честото претставување како жртва нема да ве одведе никаде. Станува збор за форма на манипулација и прилично лесно е другите да увидат дека за работи за еден вид игра. Со ова однесување можете само да ја влошите ситуацијата. Успешните луѓе не го практикуваат овој начин на фунцкионирање. Наместо тоа, тие константно работат и свесни се дека секоја посветеност и напорна работа доведува до посакуваните резултати.
Се обидуваат да бидат нешто што не се
Лесно е да се падне во искушение и да почнете да пробувате да ги задоволите сите со тоа што ќе бидете она што останатите сакаат да бидете. Реалноста е дека никој не сака лажна особа покрај себе, и ваквиот начин на функционирање никогаш не завршува добро. Паметните луѓе знаат дека успехот и среќата бараат автентичност.
Пробуваат да ги задоволат сите
Оваа грешка ја прават сечиси сите луѓе во одреден период од нивните животи. Паметните и успешни луѓе сфаќаат дека невозоможно е да ги задоволите сите. За вашите дејствија да имаат ефективност, треба да соберете храброст и да ги правите оние избори кои вие самите сметате дека се добри за вас. Правете разлика помеѓу работите кои вие сметате дека се прави и работите кои другите сметаат дека се прави за вас.
Пробуваат да променат некого
Единствениот начин на кој луѓето би се промениле е доколку самите изразат желба. Луѓето често пробуваат да променат некој кој очигледно е дека не сака да направи промена кај себе. Паметните луѓе ја прават оваа грешка еднаш, и потоа сфаќаат дека единствените кои треба да се променат се самите тие. Тие го градат својот живот и работат на тоа да ги избегнуваат оние кои им ја трошат енергијата и прават да се осеќаат лошо.