Вештачката интелигенција може да предизвика сериозни нарушувања на пазарот на трудот, предупреди првиот заменик директор на ММФ Гита Гопинат, апелирајќи до законодавците што поскоро да ја регулираат употребата на новата технологија.
„Владите, институциите и законодавците мора да бидат брзи во регулирањето на сите области, но и во подготовката за евентуално значителни нарушувања на пазарите на трудот“, рече Гопинат вчера во интервју за финансискиот дневен весник „Фајненшл тајмс“ (ФТ).
„Владите мора да обезбедат компаниите да не градат недостижна позиција во новата технологија“
Таа им порача на владите да ги зајакнат социјалните мрежи за работниците чии работни места ќе бидат загрозени од вештачката интелигенција и да внимаваат да не ги наградуваат компаниите што ги заменуваат работниците со машини со даночни мерки.
Мора да се погрижат и компаниите да не градат недостижна позиција во новата технологија“, нагласи претставникот на ММФ. „Не сакате ултра големи компании со огромни количини на податоци и компјутерска моќ што им дава неправедна предност“, изјави Гопинат за ФТ.
Извор: faktor.mk