
Еве како да проверите дали доматот е полн со „хемикалии“ или не.
Многу се зборува за органска храна, прскано или непрскано овошје и зеленчук…
А дали воопшто знаете да проверите дали доматот е полн со „хемија“ или не?
Доматите спаѓаат во групата овошја и е невозможно да се чуваат во текот на целата зима, но се продаваат веќе на пролет.
Како да знаете дали е прскан домат?
За да одредите дали зеленчукот или овошјето има пестициди, можете да исечете домат и да погледнете внатре.
Вообичаено, доматите со токсини имаат жолтеникави ленти, со жолт „дел“ во центарот.
Внимавајте доматите да не се со иста големина и да изгледаат идентично, бидејќи тој што изгледа како да е „нацртан“ по ист модел, сигурно не е природен. Избегнувајте спакувано овошје, тие се речиси по правило од производство во кое обилно се користат хемикалии и пестициди.
Ако доматот не изгледа „совршено“, ако има бразди, кафеави шари или некои од нив изгледаат „фелерично“, најверојатно се работи за непрскан домат.
Извор: denar.mk