НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.
НЛБ Банка, во секторот за информатичка технологија нуди предизвикувачки отворени работни позиции во рамки на кои имате можност да работите на анализа, развој, имплементирање и поддршка на ИТ решенија и платформи, предлози за воведување на нови решенија и подобрувања на банкарското работење од областа на ИТ технологијата кон деловните корисници и клиентите на Банката.
Отворените работни позиции во Секторот за информатичка технологија се во рамки на следниве сегменти:
1. ИТ Специјалист за кредитно работење, платен промет, главна книга и спречување на перење пари
2. ИТ специјалист за поддршка и изработка на нови извештаи
Заинтересирани сте? Погледнете го целиот оглас и аплицирајте!