Дали некогаш сте се запрашале како вашите вработени се чувствуваат во врска со нивниот однос со компанијата како работодавач? Или како тие ја перципираат организацијата? Дали нивниот приватен живот и работата се во рамнотежа? Почетокот на годината е идеално време да им ги поставите овие прашања на вашите вработени, со цел да спречите некои „изненадувања“ кои можат да ви се случат во текот на годината. За да не се доведете во ситуација да гаснете пожари, реагирајте на време и истражете го задоволството на вашите вработени.
Менаџерите за човечки ресурси ширум светот се задржуваат на овие прашања, а заклучокот е дека спроведувањето на истражување за задоволството на вработените е еден од најдобрите начини да се одговори на ова прашање. Почетокот на годината е идеално време да им ги поставите овие прашања на вашите вработени, со цел да спречите некои „изненадувања“ кои можат да ви се случат во текот на годината. За да не се доведете во ситуација да гаснете пожари, реагирајте на време и истражете го задоволството на вашите вработени.
Зошто треба да спроведете истражување за задоволството на вработените?
Спроведувањето на редовни истражувања за задоволство може да обезбеди витални податоци за тоа како вработените ја перципираат културата на компанијата, да им помогне на професионалците за човечки ресурси да ги разберат прашањата кои влијаат на ангажманот и продуктивноста и да им даде глас на вработените.
Дополнително, давањето можност да го изнесат своето мислење, ги прави вработените да се чувствуваат ценети и со поголема веројатност да придонесат за иницијативите за раст на организацијата.
Знаци кои укажуваат дека треба да ги анкетирате вработените
Најдобриот начин да дознаете каква е состојбата со задоволството на вработените во вашата компанија е да истражите и да го слушнете нивниот глас.
На пример, можеби треба да спроведете истражување ако сте забележале дека имате проблем со задржување на вработените и висока стапка на флуктуација.
Во тој случај, можеби нема да имате време да чекате го чекате годишното истражување. Наместо тоа, можете да спроведете кратка анкета веднаш. Ваквата анкета можете да ја користите како упатство за решавање на проблемот.
Внимавајте и на овие предупредувачки знаци и превземете акција доколку забележите:
- Висока стапка на флуктуација на вработените
- Ненадејни падови на продуктивноста
- Зголемување на поплаките од HR секторот
- Повторливи и необјаснети модели на однесување на вработените
- Закочен раст на организацијата
Зошто треба да го измерите задоволството на вработените?
Мерењето на задоволството на вработените ве става еден чекор напред кон идентификување на јазолот „каде системот не успева“.
Клучот е во можноста да ги допрете сите фактори кои придонесуваат за задоволство на вашите вработени, но исто така важно е да ги следите вистинските параметри. Како?
На сигурен, брз и едноставен начин дознајте го степенот на задоволство и ангажираност на вашите вработени и најважните фактори за мотивација преку истражувањето Pulser.mk
Без разлика дали вашата компанија има 10, 100 или 1000 вработени, за помалку од 24 часа ќе можете да го дознаете степенот на нивното не/задоволство
Истражувањето за задоволството на вработените - Pulser.mk ви овозможува на едноставен и брз начин да го проверите задоволството на вработените во рамките на вашата компанија.
Постапката за мерење се спроведува преку стандардизиран анонимен прашалник (онлајн или печатен или комбиниран) составен од 65 прашања/тврдења (скала за оценување од 1 до 4) кои се поделени во 9 категории со можност за дополнителни прашања по ваша желба.
Прашалникот е анонимен и детален, а сепак едноставен, разбирлив и лесен за пополнување. Тоа ќе ви овозможи да ја дознаете реалната слика за вашата компанија, директно и искрено од вашите вработени.
Со Pulser до награда Најдобар работодавач
Дополнителен бенефит од спроведеното Pulser истражување е и можноста сите компании кои ќе спроведат истражување до крајот на годината, да учествуваат во конкуренција за наградата „Најдобар работодавач“.