На 13 локации долж брегот на Охридското Езеро ова лето ќе има уредени плажи. На капалиштата ќе има урбана опрема, маси, столици, лежалки и шанкови. Градоначалникот Пецаков уверува дека нема да има платформи и нелегални градби туку истите ќе бидат согласно препораките на УНЕСКО каде туристите и охриѓани ќе може да се рекреираат и одмараат.
Плажите се под закуп во рок од 3 години се до донесувањето на планот за управување на Охридското Езеро кој се уште е во изработка.
Инаку, плажите на Охридското Езеро две години беа без концесионери. Дел од најатрактивните капалишта на јавното наддавање ги добија оние кои последно стопанисуваа со истите.