Кромберг и Шуберт е успешна приказна за германска фабрика која во пелагонискиот регион достигна бројка од 6.500 вработени. Минатиот пат разговаравме со Павлина Маруши – менаџер на оддел за сечење и претподготовка на тема како изгледа работниот ден во Кромберг и Шуберт, а денес преку интервју со двајца оператори во производство кои успеале да напредуваат до тим лидери сакаме да ви ја доловиме политиката на напрадување во германскиот гигант.
Vrabotuvanje.com: Кога беше вашето вработување во КРОМБЕРГ и ШУБЕРТ и на која работна позиција започнавте?
Никола Тошески: Пред околу три години аплицирав во КРОМБЕРГ и ШУБЕРТ за позиција оператор во производство бев на интервју ме одбраа и започнав да работам како оператор во производство.
Никола Стевоски: Јас пред три и пол години аплицирав во компанијата КРОМБЕРГ и ШУБЕРТ за работна позиција оператор во производство бев повикан на интервју и започнав со работа како оператор во производство.
Vrabotuvanje.com: Како изгледа еден ваш работен ден?
Никола Тошески: Мојата работа е во три смени, доаѓам на работа и ги гледам дневните таргети ги распределуваме луѓето и започнуваме со работа.
Никола Стевоски: Исто така и јас работам во три смени, доаѓам дваесетина минути пред почетокот на смената, го формирам тимот, гледам што треба да се работи да се заврши, кој се дневните обврски и започнуваме смената.
Vrabotuvanje.com: Како се движеше процесот на унапредување, што ве мотивирање да аплицирате за позицијата Тим лидер?
Никола Тошески: После година дена вработен во компанијата како оператор во производство видов оглас бев мотивиран да аплицирам, бев повикан на разговор на истиот бев селектиран. Бев обучен на неколку обуки и почнав да работам како Тим лидер.
Никола Стевоски: После две години како оператор во производство, а секој оператор има право после шест месеци да се пријави на внатрешен оглас, јас аплицирав за позицијата Тим лидер и бев селектиран и после неколку обуки започнав со работа.
Vrabotuvanje.com: Која одговорност ја сноси позицијата Тим лидер?
Никола Тошески: Како Тим лидер одговорноста ми е да имам среќен тим, а воедно да ги постигнам таргетите.
Никола Стевоски: Да се распределат операторите на работните позиции, да се постигнат зададените таргети и да имаме успешно сработен ден.
Vrabotuvanje.com: Како изгледа едно деловно патување и раскажете ни накратко за искуството за патувањата?
Никола Стевкоски: После двете деловни патувања стекнав нови пријателства, ново работно искуство кое ми помогна во новата работна позиција.
Никола Тошески: Од страна на травел агентите бевме подготвени целосно за патувањето во Унгарија бев на обука три недели, доста ги усовршив моите знаење, стекав многу пријатели, се стекнав со нова култура и искуството беше многу позитивно.
Vrabotuvanje.com: Некоја интересна случка/анегдота по која ќе ги паметите патувањата?
Никола Стевоски: Од патувањето во Германија интересна случка беше тоа што таму се сретнавме со луѓе односно оператори од КРОМБЕРГ и ШУБЕРТ Мексико и беше интересно тоа што се трудевме да комуницираме на некој друг јазик.
Никола Тошески: Имаше повеќе анегдоти замислете тим од триесет вработени во КРОМБЕРГ и ШУБЕРТ Македонија на службено патување во Унгарија три недели.
Vrabotuvanje.com: Зошто КРОМБЕРГ и ШУБЕРТ е вашиот втор дом?
Никола Тошески: Во КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ пред се стекнав со многу пријатели и со луѓе кој несебично се трудат да те направат среќен, затоа КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ е мојот втор дом.
Никола Стевоски: Сите роднини и пријатели работат во компанијата и замислете како е еден град од 6200 вработени во едно маало, секој би посакал да биде дел од тој тим.