Би сакале да останат во Македонија, ама сакаат државата повеќе да инвестира и да го вреднува својот кадар.
Вака размислуваат дел од најдобрите студенти што со 9-ки и 10-ки го завршиле факутетот. Повеќето од идните лекари, програмери, актери и студенти на филозофскиот факултет што добија признанија и награди за постигнатиот висок просек иднината си ја гледаат во Македонија, сепак велат, времето ќе покаже дали државата ќе го вреднува нивното знаење. - пренесуваат од Канал 5 телевизија.
Некои во регионот, дел дома ама се размислува и за специјализации низ Европа, но повеќето сакаат да придонесат за развој на Македонија и би се вратиле иако признаваат дека професорите треба да направат повеќе за УКИМ да отскокне на ранг-листите.
Додека овогодинешните најдобри студенти се оптимисти за успех дома, според последното истражување на глобалната меѓународна асоцијација „Галуп“, дури 42 отсто од македонските граѓани би заминале од земјава доколку им бидат обезбедени сите потребни документи. Најголема подготвеност да заминат покажале токму помладите и оние со повисок степен на образование.