Веројатно често сте се прашувале зошто келнерите прво ви носат леб откако ќе нарачате храна, а сега таа мистерија е откриена.
Готвачот Рас Адамс од Вашингтон на социјалната мрежа „Quora“ открива зошто пред главната храна во рестораните, посетителите добиваат пецива, лепчиња или леб, а всушност е многу логично.
„Прво, овие пецива ќе ве направат жедни. Жедните луѓе потоа нарачуваат повеќе пијалоци, а тоа значи подобра заработка. Второ, лебот или нешто слично го стимулира варењето и ве прави уште погладни. Токму затоа луѓето нарачуваат повеќе од она што можат јадат, а подоцна заклучуваат дека се прецениле.Последната причина е што кога луѓето во рестораните имаат занимација, а тоа во случајов е јадење леб, тогаш не им е досадно и не го бараат постојано келнерот “, напиша Адамс.