ФЗЦ, Фабрика за заварени цевки 11 Октомври а.д. од Куманово денеска претставува производствен гигант не само во рамките на Р. Македонија и Балканот, туку и многу пошироко, како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.
Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал и има околу илјада вработени, од кои голем дел се акционери. Таа располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени члични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивна соодветна антикорозивна заштита, со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција.