Од бесплатен јавен превоз до екстремно евтини билети, ова се земјите кои според порталот TimeOut нудат многу достапен јавен превоз, практично бесплатно.
Сигурно знаете како Германците го доживеаја сонот за пристапен јавен превоз лани летото, кога во текот на три месеци возењето во речиси сите возови, трамваи, автобуси и метро во Германија чинеше само 9 евра месечно за секого - и за локалното население, и за туристите.
Сепак, на сите убави работи им доаѓа крајот, па познатата германска карта од 9 евра, за жал, престана да важи на последниот ден од август, 2022 година. Според податоците, овој проект заштедил 1,8 милиони тони емисии на CO2 (според германскиот просек, тоа е еквивалентно на јаглеродниот отпечаток од речиси 20 илјади луѓе годишно).
Но, ако ја пропуштивте оваа можност во Германија, не плашете се. Сè уште има многу места во Европа каде што можете да патувате или евтино или целосно бесплатно.
Вреди да се напомене дека на одредени места, ако сте жител, веќе можете да добиете бесплатен јавен превоз. Главниот град на Естонија, Талин, е едно такво место, а од 1 октомври 2022 година му се придружи и островот Малта.
Сепак, дури и како турист, можете да го искористите евтиниот превоз во некои други земји.
Шпанија
Од 1 септември до 31 декември 2022 година, меѓуградските возови во Шпанија беа целосно бесплатни. Политиката беше дизајнирана да им помогне на Шпанците во кризата на трошоците за живот и ги покрива Cercanias (приградски воз), Rodalies (приградски правци во Каталонија) и Media Distancia (регионални линии на средна далечина, покривајќи патувања помали од 300 км) управувани од националниот железнички оператор Renfe. Шпанија продолжи да нуди бесплатни билети за воз достапни за сите до крајот на 2023 година, но има неколку исклучоци. Бесплатните билети се достапни само за приградските возови на Renfe (Cercanías и Rodalies) и патувања со воз на средна далечина под 300 километри. Бесплатните билети не важат за брзите AVE возови на Renfe кои поврзуваат дестинации како Мадрид и Барселона.
Австрија
Австрија исто така има годишни билети за автобуси, трамваи и возови кои чинат во просек по 3 евра дневно, додека главниот град Виена може да се пофали со билети за јавен превоз од 1 евро дневно. Како и да е, има „финта“ со двете цени: попустот го добивате само ако платите за пропусница за една година. Со други зборови, веројатно вреди само ако планирате да останете во Австрија многу долго време.
Луксембург
Со население од само 614.000 жители, Луксембург е една од најмалите земји во Европа и е прва земја во светот каде од 29 февруари 2020 година јавниот превоз е бесплатен за сите.
Една од целите на проектот беше да се зголеми бројот на патници во јавниот превоз за 20 проценти до 2025 година.
Луксембург има огромен сообраќаен проблем. Главните патишта редовно се зафаќаат во сообраќаен метеж, автобусите се старомодни, а железничката мрежа е позната по доцнењата.
Околу 200.000 работници, што е скоро половина од работната сила на Луксембург, патуваат од Белгија, Франција и Германија привлечени од добрите плати и богатата економија.
Извор: kajgana.com