Од мај следната годинина ќе почне да се наплаќа патарина на новиот автопат Демир Капија – Смоквица на двете наплатни рампи кај Демир Капија и кај Гевгелија кои се градат и треба да бидат завршени до крајот на април.
Следната година патарина ќе се наплаќа и на двете наплатни рампи кои ќе бидет поставени на автопатот Миладиновци – Штип, а една рампа е предвидена на автопатот Кичево – Охрид, откако ќе биде изграден.
Од тие патрини таа кај Градско и оваа кај Петровец веќе се во завршна фаза и јас веќе очекувам до крајот на ноември да завршат. Заедно со Сопот, Отовица и Романовце да имаме една целина на електронски наплатни рампи бидејќи е малку дискутабилно колку е практично да пуштиме само две рампи. Сопот, Отовица Романовце во овој момент сега ако сакаме сега може да работат на картици со тагови. Сепак сакаме да направиме една целина од Куманово до Скопје, од Скопје до Кавадарци да се движите по тој правец со новиот начин со картички и со тагови, рече Зоран Китанов, директор на Агенција за патишта.
Директорот објаснува дека веќе аплицирале во ЕБОР за зголемување на рамката на финансирање за изградба на двете нови патарини кои е предвидено да се постават кај Штип и една кај Миладиновце на новиот автопат бидејќи тука се очекува зголемување на интензиттот на сообраќај кој ќе доаѓа од југоистокот на државата. Електронската наплата на патарина следната година ќе има и на автопатот од Скопје кон Гостивар. Овие наплатни рампи се реновирани, само треба да се постави софтверскиот систем.
Агенцијата очекува дека годинава ќе има рекордна наплата на патарина.
Оваа година мислам дека ќе го направиме рекордот од кога постојат патарини во Македонија и може ќе надминеме 40 милиони евра приход. Од 1 јанури годинава до 30 септември, споредено со 1 јануари до 30 септември минатата година имаме зголемена наплата, само разлика, околу 80 милиони денари или 1,3 милиони евра, додава Китанов.