Искористете го попустот за рана пријава за најголемиот Employer Branding настан!
Сигурни сме дека веќе знаете за што се работи оваа статија, бидејќи петта година по ред го организираме уникатниот Employer Branding настан на годината. Се работи за Најголемиот онлајн Регионален саем за вработување, кој истакнатите работодавачи на пазарот на трудот не го пропуштаат.
Оваа година, резервирајте си термин од 24 до 31 октомври за да присуствувате со свој брендиран онлајн штанд. Тоа е можност да се издвоите од конкуренцијата и да станете „повидливи“ на домашниот и на регионалниот пазар на трудот. Employer Branding досегот од преку 7.200.000 корисници/потенцијални кандидати е она што го прави овој саем неопходен за зајакнување на имиџот на компанијата како посакуван работодавач и привлекување на квалитетни кандидати.
Како да се претставите на саемот?
Изложувачите од различни индустрии имаат различни потреби за претставување на својот бренд, а Регионалниот саем за вработување е платформа која нуди решение за секого, бидејќи штандот може да се персонализира. Само 3 чекори ве делат од вашиот штанд: пријава за учество, избор на елементи и внесување информации за компанијата и додавање на промотивни материјали и активации. Погледнете го едукативното видео кое подетално покажува како се подготвува онлајн штанд.
Кои елементи се застапени на штандот?
Саемот е осмислен да овозможи едноставно користење/поврзување на работодавачите и работобарателите преку ефикасен и брз процес на регрутирање. Можете да им се претставите на потенцијалните кандидати преку 5 елементи:
- За нас - простор каде што можете да ја претставите вашата компанија како работодавач во детали
- Зошто ние - истакнете кои бенефити и погодности им ги нудите на вработените, т.е. по што се разликувате од конкуренцијата
- Искуства на вработените – изјавите на вработените се најдобар показател за искуството од работата во вашата компанија
- Chat – остварете директна комуникација со кандидатите преку chat или видео повици за да го подобрите квалитетот и да го забрзате процесот на вработување
- Галерија – потврдете дека нудите добра работна атмосфера преку компаниски фотографии и видеа во делот галерија
Ваше е да изберете кој тип на штанд најдобро ќе одговара на вашите потреби, а можете да се истакнете како брендиран, ексклузивен или премиум изложувач. Детални спецификации за штандовите можете да најдете во презентацијата.
Резервирајте го вашиот штанд до 15 август и добијте 10% попуст за рана пријава!