
Дневната евтина тарифа на струјата ќе се врати, но не од летово, туку од јули 2024 година, објави „Телма“.
Според неофицијални информации, најверојатно од 1 јули ќе има и мало зголемување на цената на струјата за граѓаните бидејќи ДДВ-то за електрична енергија се враќа од 10 на 18 отсто.
Каква цена ќе плаќаат граѓаните во следните месеци зависи од тоа колку ќе чини мегават час од државните електрани.