Денеска се прославува Интернационалниот светски ден на јогата, а лемурите се сметаат за основоположници на оваа дисциплина. Во светот дури постои и се практикува Лемога - јога со лемури.
Скопската зоолошка информира дека годинава имале најмногу подмладоци кај лемурите, а посебно е интересен податокот дека за првпат добиле шест пара близначиња што е светски феномен.
- Лемурите се еден од најзагрозените видови на светот, а Скопје ЗОО придонесува за зголемување на бројот на овие единки чии природни живеалишта сè повеќе се намалуваат. Да ни се живи и здрави малечките, велат од зоолошката градина.