Компанијата „Теламон - Европа“ денеска го претстави новиот, втор производствен погон со површина од 2 200 метри квадратни, во кој се планира инсталирање на два дополнителни центра за кримпирање кабли.
Ова е дел од инвестицискиот план за експанзија на „Теламон - Европа“, фирма ќерка на американската корпорација „Теламон“ (Telamon Corporation), со седиште во Индијана, САД.
Според динамиката за работа, како што беше речено на денешниот настан по овој повод, најдоцна до крајот на јуни 2023 година во новиот производствен погон ќе биде инсталирана и ставена во функција линија за склопување делови за автомобилската индустрија што предвидува и отворање 300 работни места. Инвестицијата значи зголемување на капацитетот на производството на „Теламон – Европа“ на 10 милиони единици, планирани до крајот на 2023 година.
Покрај најавената нова линија, која се очекува да профункционира до крајот на месецот, планирана е и конфигурација на втора производна линија која ќе биде оперативна најдоцна до септември 2023 година.
Досегашната инвестиција на „Теламон“ од пет милиони евра се зголемува и со оваа нова производна единица компанијата книжи вкупна инвестиција во државата од осум милиони евра. Покрај директната финансиска инвестиција, „Теламон - Европа“ на годишно ниво, по основа на придонеси и даноци, во буџетот на Северна Македонија уплаќа над 400 илјади евра.
Целиот текст прочитајте го на: skopjeinfo.mk