Кога ќе стигне летото, голем дел од нас уживаат во сончевите зраци.
Но, иако сонцето ни дава енергија и добро расположение, сепак сончевите зраци се непријател на нашата кожа. УВ зраците го забрзуваат стареењето на кожата и можат да предизвикаат изгореници, алергии, па дури и рак на кожата во екстремни случаи.
Што можеме да направиме за да ја заштитиме кожата од силното сонце?
Подгответе ја кожата пред изложеноста на сонце
На нашата кожа и е потребна хидратација, а особено во летните денови. Важно е да пиеме доволно вода, но и да користиме производи кои ја хидрираат и одржуваат свежа.
Избегнувајте ја директната изложеност на сонце.
Иако понекогаш е тешко, сепак трудете се што помалку да бидете директно изложени на сонце. Ако веќе морате, користете капа и шешир.
СПФ крема
Голем дел од советите поврзани со кожата го вклучуваат овој совет. СПФ кремата треба да се нанесува во текот на целата година, а не само кога ќе излеземе на сонце. Таа е важна бидејќи ја чува кожата од штетните зраци и со тоа го забавува процесот на брзо стареење на кожата кај оние кои се директно изложени на сонце. Најдобро е да започнете со крема со висок фактор, без оглед на тоа каква кожа имате. Тоа е особено важно за првите денови на сонце.
Храна богата со каротеноиди
Каротеноидите се пигменти кои можат да се најдат во храната со жолта, портокалова или црвена боја. Еден од најчесто познатите каротеноиди е бета-каротинот кој се претвора во витамин А во нашето тело. Нив можеме да ги најдеме во морковите, слаткиот компир, доматите, спанаќот, кељот и тн.
Ексфолијација
Пред да ја изложите кожата на сонце, важна е длабоката ексфолијација. Тоа ќе ви помогне да ги отстраните мртвите клетки и да добиете чувство како да имате нова кожа. Освен тоа, ако планирате да се сончате умерено, ексфолијацијата ќе ви помогне подолго да го задржите својот тен.