Македонски Телеком АД Скопје ви нуди можност за вработување во Службата за контакт центар на работно место: Агент во контакт центар
На огласот за 5-те слободни работни позиции е наведено дека кандидатите треба да имаат минимум средно образование, 1 година соодветно искуство, добро познавање на англиски јазик, познавање на MS Office и технички познавања на производите на Македонски Телеком.
Предвидената вкупна нето плата со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од 17.298,00 денари и финансиска мотивација (бонус) за остварување на цели за кориснички услуги.