Доаѓа период на сиви и дождливи денови, за кои треба вложување на посебни напори за да се „преживеат“, посебно кога треба да отидете на работа и да бидете продуктивни. Концентрацијата опаѓа, ефективноста се намалува, а заморот ве стигнува. За да не дојде до ова и за да успеете да го задржите еланот во текот на целиот работен ден, пробајте да ги следите овие 5 едноставни совети.
Прекинете да извршувате повеќе обврски истовремено
Лесно можете да паднете под искушение и да сакате да завршите неколку обврски истовремено, особено кога станува збор за мали и лесни работни задачи. Но, тоа едноставно не функционира. Според Ерл К. Милер, професор по неврологија, мултитаскингот кај луѓето не е возможен. Се залажуваме кога велиме дека лесно можеме истовремено да одговараме на телефонски повици, да одржуваме презентации и притоа да отидеме на ручек. Наместо тоа, фокусирајте се на една задача и ќе завршите побрзо.
Правете паузи
Повеќето мислат дека работењето долги часови без одмор значи и поголемо завршување на работите. Вистината е дека откако ќе се замориме ние веќе не сме продуктивни како на почетокот. Истражувањата покажуваат дека редовните паузи помагаат да се концентрирате и ви го подобруваат расположението. Доволно е да направите 5 минутна прошетка околу канцеларијата, или да земете 15 минутна пауза и да го испиете вашето омилено кафе.
Поставете си помали цели
Наместо да се концентрирате на крајниот продукт и тоа да ви создава дополнителен стрес, поделете го главниот проект на помали задачи. На овој начин ќе се чувствувате дека имате поголема контрола врз работите и ќе бидете многу попродуктивни. Овој начин ќе успее да направи поголемите проекти да изгледаат помалку застрашувачки.
Завршувајте ги најголемите задачи кога сте најмногу спремни
На сите ни се случило да одложуваме одредени обврски и кога ќе дојде времето за да ги завршиме, ние веќе да сме преморени за да им го дадеме вниманието кое им е потребно. Сите сме различни, и најдобро е секој да си направи распоред што ќе му одговара најмногу. Па така, доколку сте утринска личност завршувајте ги важните работи рано. Доколку ви е потребно да го испиете првото кафе за да можете да започнете со денот, направете го тоа и завршете ги големите задачи после испиената доза кофеин.
Спроведувајте го "правилото од две минути"
Според претпрпемачот Стив Оленски, лоцирањето и моменталното завршување на задачите кои ќе ви одземат две или помалку минути ви го заштедува времето. Ова не значи дека секоја задача ќе можете да ја завршите за 120 секунди, но поставувањето на нови цели е првиот чекор за нивно оставарување.
Имајте на ум дека не секој ден ќе ви биде подеднакво продуктивен. Наместо да се нервирате за тоа, променете го фокусот на вашата енергија и применете некој од овие совети. Откако ќе ја пронајдете совршената формула што вам ќе ви одговара, ќе бидете изненадени од тоа колку ќе можете да постигнете како во канцеларија, така и надвор од неа.