Вработување ви го олеснува пријавувањето на кој било оглас, неговата употреба е многу едноставна. Првиот чекор за користење на профилот е регистрирање. Доколку сте регистрирани, најавете се со вашите кориснички податоци.
Во рамките на вашиот профил на Вработување се наоѓаат следниве рубрики (позиционирани од десна страна) кои ви се на располагање во потрагата по нова работа:
Профил:
Профилот содржи општи информации за вас и за вашето претходно работно искуство. Пополнете го чекор по чекор.
Доколку сте имале биографија во постарата верзија на порталот Вработување и сакате да ги промените информациите од старата биографија преку профилот, кликнете на „Додај образование“ или „Додај позиција“ и со самото внесување на новите податоци автоматски се бришат податоците пренесени од старата биографија.
Ако сакате да зачувате некои од податоците пред бришење, само копирајте ги, кликнете на „Додај образование“ или „Додај позиција“ и потоа податоците може да ги менувате како сакате.
Со кликнување на иконата „Апликации“ може да видите копии од сите апликации што сте ги испратиле на огласи на порталот Вработување.
Зачувани работни места:
Со кликнување на иконата „Зачувани работни места“ може да ги видите сите огласи кои откако сте ги разгледале на страницата на Вработување сте ги зачувале со кликнување на опцијата „Зачувај го ова работно место“.
Прегледани работни места:
Со кликнување на иконата „Прегледани работни места“ може да ги видите сите огласи што сте ги прегледале на страницата Вработување.
Мои документи:
Доколку кликнете на иконата „Мои документи“ може да додадете документ од вашиот компјутер (биографија, молба, фотографија, препорака, итн.) кој потоа при аплицирање на оглас во зависност од потребите и желбата може да го прилагодите на самата апликација.