Граѓаните велат дека цените постојано растат и дека примањата не се доволни во месецот. Можеме ли да очекуваме поскапување на прехранбените производи со најавеното покачување на цената на струјата?...
Домати од 100 до 120 денари, пиперки од 80 до 100, краставици 50 денари ова се цените на некои од пазарите. Граѓаните со кои успеавме да поразговараме велат дека постојано растат и дека примањата не се доволни во месецот.
„Цените на производите од прехранбената индустрија се најниски во земјава споредени со европските држави, нема реален раст на платите, а тоа е преку зголемување на продуктивноста“, вели претседателот на Агро-бизнис комората Ѓоргиевски.
Можеме ли да очекуваме поскапување на прехранбените производи со најавеното покачување на цената на струјата? Ѓоргиевски вели дека нема да има, но нема да има ниту намалување како што се шпекулираше.
Покрај цената на суровините и цената на електричната енергија, значаен параметар вели Ѓоргиевски се и човечките ресурси од кои има сериозно одлевање и кои се итно потребни за прехранбената индустрија. Инфлацијата и минатиот месец двоцифрена 11,3 според податоците на статистика за минатиот месец.