Благодарение на серијата мисии во текот на изминатите неколку години, вклучувајќи го и роверот Perseverance кој слета на 22 февруари 2021 година, Марс е сè поинтересен за астрономите, астрофизичарите и идните астронаути.
НАСА планира да испраќа астронаути на Марс во иднина, а Илон Маск постојано тврди дека тој ќе биде првиот што ќе го стори тоа, но најкорисно е да се знае точно колку време ќе биде потребно за да стигне до таму.
Марс прави еден круг околу Сонцето на секои 687 земјини денови. Тоа значи дека растојанието помеѓу Земјата и Марс се менува секој ден, а двете планети се приближуваат една до друга на секои 26 месеци. Дополнително, бидејќи и Земјата и Марс имаат елиптични орбити (а Марс е поелипсовиден од Земјата), некои од нашите блиски „контакти“ се поблиску од другите. Последното значајно приближување беше на 6 октомври 2020 година, кога Марс беше на само 62,07 милиони километри од Земјата.
Значи, колку време е потребно за патување 54,6 милиони километри до Марс?
Зависи од брзината. На пример, роверот Perseverance патуваше со околу 39.600 километри на час и патувањето траеше седум месеци, но тоа е поради тоа каде беа Земјата и Марс кога беше лансиран Perseverance и каде беа кога слета.
Доколку би можеле да патувате брзо како вселенското летало New Horizons (познато по посетата на Плутон во 2015 година), потенцијално би можеле да стигнете до Марс за само 39 дена, во зависност од распоредот на планетите и брзината од 58.000 километри на час што ја достигнува New Horizons.
Историски гледано, на вселенските летала им биле потребни помеѓу 128 дена (Mariner 7 во прелет) и 333 дена (Viking 2 Orbiter/Lander, второто американско слетување на Марс).
Бидејќи ниеден човек сè уште не отпатувал на Марс, нема точни бројки за тоа колку брзо е можно да се оди затоа што треба да успорите додека се приближувате до Марс. Најдобрите проценки сугерираат дека човечките мисии на Марс ќе бидат темпирани за да се искористат предностите на доброто планетарно усогласување.
Повеќето проценки го ставаат времето на патување во опсег од 150 до 300 дена, тоа е пет до 10 месеци, а просекот обично е околу седум месеци, исто како и роверот Perseverance.
Извор: kajgana.com