Квалитетот на студиските програми, рејтингот на универзитетите и студирањето на некој близок надвор од државата се причина 21 процент од матурантите од четири региони годинава да заминат на некој од факултетите во странство. Атрактивни дестинации за студирање се Словенија и Бугарија“, покажуваат најновите истражувања на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.
Стојановски посочува дека со овие истражувања може да се забележи дека интересот за студирање на средношколците надвор од државата е речиси дуплиран односно од 13 проценти пред пет години, сега процентот е зголемен на 21 процент.
Прашан кои се причините и зошто младите сакаат да студираат во толкав процент надвор од земјава, Стојановски посочува дека мотивацијата главно е поврзана со перспективи и со некакви економски критериуми, а тоа се повторува и од претходното истражување од минатата година.
Младите во анкетата велат дека економскиот фактор е клучен фактор за миграција и градење на професионалната кариера надвор од државата.
Стојановски смета дека нашиот образовниот систем и не е толку лош, што го покажуваат и резулатите на македонските студенти кои студираат во Словенија.
„Сме разговарале со колеги од Љубљанскиот Универзитет. Од топ 10 студенти кои се на Љубљанскиот универзитет, пет се со потекло од Македонија. Значи имаме квалитетен систем. Треба да не креираме стереотипи, затоа што и тоа исто така влијае врз перспективите на младите и треба да се истакнуваат добрите примери. Имаме добри примери на млади успешни луѓе. Не е лошо понекогаш да имаме и такви приказни, а не само доминација на негативни вести, дневна политика на медиумите“, порачува Стојановски.