Со пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа, заклучно со четвртиот квартал минатата година, биле 1.458.377 претплатници.
Податоците на Агенцијата за електронски комуникации покажуваат дека најголем удел во бројот на претплатници по тој основ со 48,66 проценти има А1 Македонија, по што следат Македонски Телеком со 47,50 проценти, Лајкамобајл со 2,05 проценти, Роби со 1,64, Греен мобие со 0,12 и МТЕЛ со 0,03 проценти.
Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија на крајот на 2022 година достигна 1.932.871. Од нив, 739.078 се при-пеид претплатници, 944.394 резиденцијални пост-пеид, а 249.399 деловни пост-пеид претплатници.
Извор: mkd.mk