За вработување на шумски полицаец ШУМ0207Б01001
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува јавен оглас на неопределено време за 45 (четириесет и пет) овластени службени лица во Сектор за шумска полиција на работното место шумски полицаец.
Општи услови:
да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да е физички и психички способен за вршење на работите на шумската полиција,
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност,
Посебни услови
да има ниво на квалификации V A или ниво на квалификации IV според Националната рамка на високообразовните квалификации и стекнати 180 или
240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку средно образование,
со или без работно искуство,
да е соодветен за работното место што се докажува со потврда за положен психолошки тест и тест за интегритет,
да е подобен за носење оружје согласно со прописите за поседување и носење оружје (Вработениот во рокод 6 месеци од денот на вработувањето има обврска да се сгекне со уверение за шумски полицаец сошасно Закон за шумите, во спротивно мупрестанува вработувањето) да има уверение за положен испит за шумски полицаец
(Вработениот во рок од 1 година од денот на вработувањетоима обврска да се стекне со уверение за шумски полицаец согласно Закон за шумите, во спротивно му престанува вработувањето)
Работни задачи и обврски
Ја чуваат шумата,
Да ги спречат, легитимираат, приведат лицата затечени во вршење на кривично дело со кое се нанесува штета на шумата,
Вршат преглед насите средства со кои се превезува или пренесува дрво и други шумски производи, на сите места каде што се чува дрво и други шумски производи,
Вршат привремено одземање на предмети и средства со кои е извршено кривичнодело,
Ja следат и известуваат за состојбата на шумите во врска со бесправните сечи и шумските кражби, шумските пожари, растителните болести, шумските штетници.
Доставување на документација
Уредно пополнета пријава која може да се подигне ЕДИНСТВЕНО од Секторот за човечки ресурси во МЗШВ,
Уверение за државјанство(во оригинал или копија заверена на нотар)
Лекарско уверение од медицина на трудот (во оригинал)
Уверение дека нема забрана за вршење професијадејност и должност (од централен регистар, во оригинал)
Диплома за завршено образование(оригинал или копија заверена на нотар)
Потврда за положен психолошки тест(оригинал или копија заверена на нотар)
Потврда за положен тест за интегритет(оригинал или копија заверена на нотар)
Кратка Биографија
НАПОМЕНА: Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавување
Пријавата за вработување се доставува во рок од 20 дена од моментот на објавување наогласот на Веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со назнака "До Сектор за Човечки НЕ ОТВАРАЈ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПО ЈАВЕН ОГЛАС БРО! 02/201 8 ул. Аминта Трети број 2 Скопје"
Постапката заселекција ке се врши сошасно Законот зашумите, Закон за вработените во јавниот сектор и Закон за работните односи.
Селекцијата ке ја врши комисија формирана со решение од Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Испитот ке биде составен од 40 прашања oд вкупно 350 прашања објавени на Веб страната на министерството, со максимален број 60 поени.
Интервјуто носи 40 бодови и ке се спроведе од страна на комисијата на кандидатите што освоиле минимум 51 од вкупниот број бодови oд испитот.
Распоред на работно време
- Работни денови - понеделник недела
-Работни часови неделно 40 часови
- Работно време во смени 3 смени
Паричен нето износ на плата: 16. 870, 00 денари
Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се Македонец(ка) 30, Албанец(ка) 10, Турчин(ка) 2, Ром(ка) 2, Бошњак(чка) 1.