
Од денеска во Штип функционираат хуманитарните паркинг зони, а цената за паркирање ќе изнесува 30 денари од час, а 20 отсто од средствата ќе бидат наменети за општинскиот солидарен фонд наменет за лица кои имаат потреба од итна помош.
Хуманите паркинзи ќе бидат обележани со цртежи на асфалт и табли на кои ќе биде назначено како може да се плати дури и со трансакциска картичка.
- Со паркирање во хуманитарната зона Х1, граѓаните ќе донираат дел од средствата во солидарниот фонд, а потоа тие средства ќе се користат за помош на наши сограѓани од ранливи категории и итни случаеви кои имаат ургентна потреба од финансиска помош, велат од ЈП „Стипион“.