Од MojPosao повикуваат, ако и вие сте меѓу оние кои дизајнирале и имплементирале проекти и позитивни HR пракси кои резултирале со подигнување на нивото на задоволство и ангажираност на вашите вработени, споделете го тоа со регионалната HR заедница!
- поради зголемен интерес, рокот за аплицирање е продолжен до 14 јули
- аплицирањето се врши на линкот: Регистрација - HR Пракси
- сите детали за проектот можете да ги пронајдете тука: Насловна - HR Пракси
Аплицирајте преку официјалната веб-страница. Потсетуваме дека петте најдобро оценети пракси од стручното жири ќе добијат можност да се претстават пред публиката на конференцијата HR Days која ќе се одржи на 20 и 21 септември 2023 година во Ровињ, Хрватска, а најдобрите практики ќе добијат една бесплатна котизација за конференцијата!
За потсетување: Минатата година праксата на Атлантик Група од Македонија влезе во топ 5 и го освои третото место
Станете дел од друштвото на добри примери!
Ако имате какви било прашања или ви треба помош со апликацијата, ве молиме контактирајте со Катарина - katarina.zupkovic@moj-posao.net.