Мантуа има околу 50.000 жители и тоа е град со монументални резиденции. Познат е во светот по своите прекрасни ренесансни палати и врвната гастрономија.
Сакате да бидете платени за живот во еден од поголемите италијански, уметнички градови?
Мантуа ја има токму таа понуда, преселете се во Италија и можете да заработувате до 150 евра месечно, наведува „Euronews“.
Градот ги следи примерите на неколку други заедници во Италија и стимулира нови жители со парични прилози. Властите се надеваат дека новата програма ќе помогне во ублажувањето на проблемите со стареење на жителите.
Властите имаат вкупно 400.000 евра за таа иницијатива, од кои 200.000 евра ќе бидат поделени годинава и уште 200.000 евра во 2024 година. Парите ќе се користат за придонеси за кирија за сите нови жители, тие ќе добиваат по 150 евра месечно. Властите кажале дека ќе прифатат околу 100 барања за такви бесповратни средства.
За да се оствари правото на парична помош заинтересираните мора да потпишат договор за наем најмалку на една година. Програмата е отворена и за семејства и за индивидуалци.
Треба да се наведе дека Мантуа во 2017 година бил прогласен за Европска престолнина на гастрономијата.
Најпознатите јадења се tortelli di zuacca, тестенини полнети со тиква, пармезан, мускатно оревче и amaretti бисквити. Покрај тоа уште едно популарно јадење од тестенини е biogli con le sardelle, шпагети со сос од кромид, лук и сардина.