Деновите и ноќите се веќе сериозно топли, а понекогаш и жешки.
Дневните температури достигнуваат 35°C, а ноќе се околу 20°C, што значи дека не е особено лесно или удобно за спиење.
Според д-р Нерини Рамлахан, експерт за спиење, оптималната температура во спалната соба треба да биде помеѓу 16 и 21°C.
„Добриот сон е важен за обработка на информациите во текот на денот, како и за закрепнување и враќање на рамнотежата на физичкото и менталното поле“, изјави Рамлахан за Independent.
Еве неколку начини кои ќе ви помогнат да заспиете кога е топло:
Ставете ја постелнината во замрзнувач неколку минути (прво ставете ја во пластична кеса).
Наполнете шише со ладна вода и ставете го на колената, глуждовите, зглобовите, вратот, препоните или внатре во лактите.
Пред спиење нанесете крема за нега на база на алое вера, која најдобро е да ја чувате во фрижидер.
Носете памучни пижами.
Бидете внимателни да не јадете премногу протеини бидејќи тоа може да го загрее вашето тело, зголемувајќи го вашиот метаболизам, според експертот за спиење Дејв Гибсон.
Јадете зачинета храна, но најмалку три часа пред спиење - тоа може да предизвика потење и да го разлади телото.
Вежбајте наутро, не навечер, за да спречите прегревање на телото.
Туширајте се со млака вода навечер и избегнувајте ладен туш бидејќи вашето тело ќе има тенденција да развие повеќе топлина како одговор на студот.
Спротивно на популарното верување, Гибсон вели дека треба да ги држиме нашите прозорци затворени во текот на денот за да го одржуваме домот поладен. Спуштете ги ролетните и повлечете ги завесите.
Исклучете ги сите електрични апарати во спалната соба бидејќи испуштаат топлина.
Извор: kajgana.com