Дали ќе останеме без евтин авиопревозник или се мести друга компанија а не Визер? Се поставува прашањето откако Министерството за транспорт и врски соопшти дека по втор пат е поништен јавниот повик за субвенциска поддршка за авиокомпаниите.
Како што кажаа надлежните, и овој пат се јавил само унгарскиот Визер.
Тендерот е поништен бидејќи понудата на Визер не одговорила на поставените услови во тендерот во делот планирани летови од Охрид, рече министерот Горан Сугарески.
Тој прецизираше дека унгарската нискобуџетна авиокомпанија понудила сите четири летови од аеродромот во Охрид да се воведат во август 2019, додека во тендерот е барано две линии да се воведат од јануари а две во рок од година дена од потпишување на договорот.
Сугарески исто така ги отфрли шпекулациите дека тендерот за субвенционирани летови од аеродромите во СКопје и Охрид се „местат“ за авиокомпанијата Ер Албанија.
Тој истакна дека Владата останува доследна на мерката финансиска помош (која во изминатите години ја користеше Визер) за авикомпании кои понудат нови дестинации за македонските граѓани.
извор: faktor.mk