Од Националниот парк Шар Планина информираат дека по дојава на локален жител од село Бозовце дека во неговото бачило е заглавена мечка, Ј.У.Н.П. Шар Планина заедно со стручни лица од Јавната Установа Зоолошка градина на Град Скопје организираа акција за ослободување на животното.
– Возрасниот мажјак кој беше заглавен во сајла околу 10 часа, беше изморен и исплашен, а по 3 часа работа Бозо беше успешно ослободен. Мечките се строго заштитени жители на Шар Планина, а локалното население од планинските села живее во соживот со природата, се вели во објавата од Националниот парк.
Од таму упатуваат благодарност до сопственикот на бачилото кој го пријави настанот за да се ослободи мечката.
Благодарност и до полициските службеници за напорите да го обезбедат теренот, како и до сите други надлежни.