Аако претходно се жалеа на високите сметки за струја поради фрижидерите, сепак, голем дел од сопствениците на колонијали и на продавници ширум Скопје изнајдоа начин како на потрошувачите да им продаваат ладни пијалаци во текот на летото.-Пишува Денар
Иако претходно се жалеа на високите сметки за струја поради фрижидерите, сепак, голем дел од сопствениците на колонијали и на продавници ширум Скопје изнајдоа начин како на потрошувачите да им продаваат ладни пијалаци во текот на летото.-Пишува Денар
Не, тие не измислија „топла вода“, туку само почнаа да ја наплаќаат работата на фрижидерите во кои се ладат флашите со вода, сок, пиво…
-Не дека ќе заработиме нешто плус, ама колку да не бидеме премногу во зијан. Топлите пијалаци ги чуваме во магацинчето веднаш зад касата и тие се продаваат по стандардната цена. Но, доколку сакате да пиете ладно пиво директно од фрижидер, тогаш услугата за ладење почнавме да ја наплаќаме 3 денари. Едно топло пиво чини 50 денари, а едно ладно пиво чини 53 денари. Не гледавме друго решение. Цената на струјата е превисока, а ние сме мало локално колонијалче кое месечно плаќа над 2.000 евра за електрична енергија. Фрижидерите многу влечат струја. Некои муштерии се лутат зошто им наплаќаме за ладење на пијалаците, ама ако се лутат тогаш нека пијат топло пиво – вели сопственик на продавница во скопско Волково.