Мекдоналдс престана да користи домати во познатите бургери на повеќето локации во Индија бидејќи земјата страда од неповолни временски услови кои ги зголемија цените.
Во некои региони, големопродажните цени на основните производи од традиционалната индиска кујна се зголемија за 288 отсто за еден месец до највисоко ниво од 140 рупии за килограм, односно 100 денари, а цените на мало се уште повисоки, што поттикна многу луѓе да ги намалат трошоците.
Неколку ставки на индиското мени на Мекдоналдс, како што е популарниот Махараџа Мекбургер, вклучуваат парчиња домати.
Глобалниот синџир за брза храна го наведе недостатокот на снабдување поради обилните монсунски дождови кои ја нарушија дистрибуцијата на доматите.
- И покрај нашите максимални напори, не можеме да добиеме соодветни количини домати кои ги поминуваат нашите строги проверки на квалитетот. Принудени сме да ви послужуваме производи без домати – гласат известувањата објавени во два ресторани на Мекдоналдс во Њу Делхи.
Компанијата не соопшти колку долго ќе трае проблемот.
Во изјава за медиумите, корисникот на франшизата, кој работи со околу 150 продавници на Мекдоналдс во северна и источна Индија, ја припиша одлуката на „привремени“ сезонски проблеми.
Извор: faktor.mk