Кога сте на одмор - отворете четири очи
На социјалните мрежи сè повеќе се пишува за непријатни ситуации што на туристите од регионот им се случуваат додека се на годишен одмор. Фејсбук-групата „Грција инфо“, во која членовите, главно српски туристи, разменуваат искуства за плажите, сместувањето, цените, храната… споменуваат и за кражби на плажи, но и за критични точки каде што крадците најчесто оперираат. Според процедурата кражба во странска држава може да се пријави во нашето Министерство за надворешни работи - објави vecer.press
-За среќа, годинава ниту една кражба не е пријавена во нашето министерство - велат од МНР за весникот ВЕЧЕР и дополнуваат дека доколку во иднина на некој наш сограѓанин му се случи било каква слична непријатна ситуација слободно да се обратат до нивните служби.
Кога патувате надвор од Македонија, бидете внимателни и грижете се за своите лични работи за да не ви се случи нешто непредвидено, како кражба, па да ви преседне одморот. Деновиве социјалните мрежи се полни со информации кои како поминал на одмор и што непланирано му се случило. Една од нив е фејсбук- групата „Грчка инфо”, каде што може да се прочитаат коментари речиси на сите теми од страна на српските туристи кои летуваат во Грција. Но она што е најзагрижувачко е што во Грција се почесто се случуваат ситни, но и поголеми кражби. Крадците не одбираат кого ќе го оштетат, но препораката на грчките власти се да не се оставаат лични предмети во автомобилите или во ранците на плажа, особено документите за патување.
Ова лето забележани се кражби не само во туристичките места на Халкидики и Олимписката ревиера, туку и во градот Солун. Критични точки каде што крадците најчесто оперираат на паркинзите на големите супермаркети и трговски центри, како „Лидл“, „Икеа” и „Џамбо“. Немили настани како на филмска лента се случуваат и на отворени паркинзи во Солун. Граѓаните се жалат дека критични локации се во околината на плоштадот „Аристотелис“, но и на паркингот кај аквапаркот во Солун.
-Се врќавме од Калитеа, каде што бевме на годишен одмор. Кога наближивме кон Солун, одлучивме да одиме на шопинг во „Икеа“. Паркингот беше преполн со возила и речиси и да немаше место каде да се паркираме. Во еден момент забележавме едно слободно место, а кога почнавме да се паркираме забележавме стакло на асфалтот. Шокот беше уште поголем кога видовме автомобил со скопски регистарски таблички, на кои што сите стакла му беа искршени, освен задното, а автомобилот беше празен. Веднаш се откажавме од пазарување, но се загрижив за нашите сограѓани и бељата што ги снашла. Побаравме некој од обезбедувањето за да ги информираме, но за жал на толку голем паркинг такво нешто немаше – ни раскажа една скопјанка која била очевидец на демолиран автомобил.
Весникот ВЕЧЕР контактираше со нашето Министерството за внатрешни работи за да праша дали некој наш сограѓанин пријавил нешто слично. Ни одговорија дека надвор од граничните премини тие немаат никакви ингеренции, па затоа треба да се контактира ресорното министерство во земјата каде што се случила кражбата. Но според процедурата кражба во странска држава може да се пријави и во нашето Министерство за надворешни работи.
Целиот текст е на vecer.press