Завршувањето на работните обврски не секогаш знае да биде лесно и забавно. Постојат ситуации кога едноставно сакаме да ја завршиме работата побрзо и притоа да не се чувствуваме преоптоварено или под голем стрес. Добрата вест е што постојат начини кои ќе ви помогнат да бидете попродуктивни преку отстранување на работите од вашата листа на задачи и притоа правејќи го вршењето на вашата работа многу попријатно искуство.
Не си задавајте премногу задачи
Повеќето работни задачи се навистина долги и одземаат доста време. Доколку си зададете неколку големи задачи во текот на денот, и притоа истите не успеете да ги завршите на време, ќе си создадете непотребен стрес и додатна нервоза. Наместо тоа, завршете една голема работа, три средни и пет мали. Бидете сигурни дека веднаш ќе ја почувствувате разликата, а самите вие ќе бидете попродуктивни и попозитивни.
Фокусот ставете го на важните обврски
Фокусирајте го поголемиот дел од вашата енергија на оние задачи што ќе дадат најголеми резултати. Кога ќе се почувствувате дека сте со најголема концентрација, дадете се од себе и завршете ги оние обврски кои ќе направат вистинска разлика. После тоа, ќе можете да се фокусирате на помалку важните работи и да не трошите додатна енергија размислувајќи за предизвикувачката работа што треба да ја направите.
Немојте да правите неколку работи одеднаш
Мултитаскингот може да направи да мислите дека имате повеќе работи направено, но всушност концентрирањето на повеќе обврски истовремено може само да ве забави и да ви ја направи работата потешка. Најдобро е да се сконцентирате на завршување на една задача, па дури потоа да преминете на наредната.
Избегнувајте да бидете перфекционисти
Ставањето притисок врз себе за секоја ваша обврска да ја завршите совршено може само да ве забави и да ги одложи работите што треба да ги завршите. Сепак, во некои ситуации овој вид на внимание е потребно, и тогаш навистина треба да одвоите време и да посветите време на деталите. Во сите други ситуации тоа е само залудно трошење време.
Организирајте си го вашиот работен простор
Направете си сопствен функционален систем кога станува збор за вашите компјутерски фолдери, вашата работна маса и вашите документи. Доволно е да одвоите време и да се организирате на оној начин кој ќе ви го олесни пронаоѓањето на работите како би можеле да започнете со некоја задача. Ваквото средување може да се направи за 30-тина минути, а резлутатите се веднаш видливи.
Отстранете нешто од листата на задачи
Внимателно разгледајте ја листата на задачи што ја имате, и видете дали можете нешто да поместите. Доколку имате обврски кои постојано ги одложувате, запрашајте се дали таа обврска е толку важна чим постојано ја ставате во заден ред.
Не се форсирајте да завршите се
Веројатно една од најтешките работи што треба да си направите е да се натерате да работите напорно кога концентрацијата не ви е на највисоко ниво. Доколку немате краен рок или можете да ја одложите конкретната задача, одложете го нејзиното извршување. Верувајте, ќе си бидете благодарни.