”Триглав Осигурување Живот АД Скопје со нова можност за корисниците на услуги на Халкбанк АД Скопје” - Инвестициско осигурување поврзано со инвестирање во инвестицискиот фонд Генерали Инвестмент АД Скопје.
Инвестициското осигурување на живот претставува одлична можност за животно осигурување и вложување на средства за обезбедување атрактивен принос со умерен ризик. Станува збор за осигурување поврзано со удели во инвестициски фонд и овозможува различни и атрактивни можности за инвестирање на сопствените средства. Почнувајќи од минатиот месец оваа услуга стана достапна за корисниците на услуги на Халкбанк АД Скопје, а сите подетални информации и консултации отсега имате можност да ги добиете во сите експозитури на Банката.
Се на едно место, беше мотото под кое го започнавме овој проект кој спојува три финансиски институции – Банка, Осигурителна компанија и Инвестициски фонд, а се со единствена цел, подобрено корисничко искуство и лесно достапна информација и услуга на секој клиент кој има интерес за обезбедување на финансиска сигурност за себе и своето семејство.
Инвестициско осигурување кое е комбинација на инвестирање и осигурување, во себе вклучува вложувања поврзани со удели во инвестициски фондови и осигурување на живот за цело времетраење на договорот. Можност да склучат договор за Инвестициско осигурување имаат сите физички лица од 14 до 65 години, а завршува во годината кога осигуреникот ќе наполни 70 години, како и секое правно лице кое е заинтересирано да уплаќа премија за Инвестициско осигурување на живот во име и за сметка на физичко лице.
Соработката на Халкбанк АД Скопје со Триглав осигурување Живот досега се покажа како одлична можност за клиентите на Банката кои досега веќе користат дел од услугите на Триглав Осигурување Живот АД Скопје како што се продажба на Осигурување на Живот со штедење, Детско осигурување со штедење и Осигурување на Живот за корисници на кредит.
Брендот Триглав е препознатлив пред се во делот на високиот степен на исполнување на договорните обврски кон сите учесници во процесот. Мисијата на Триглав е да се обезбеди сигурна и стабилна иднина за сите осигуреници
Сè ќе биде во ред