Без струја утре корисници од бул. „Јане Сандански“ во Аеродром
Корисници од згради на бул. „Јане Сандански“ во општина Аеродром утре (24 јули) претпладне ќе немаат струја, соопшти Центарот за управување со кризи по известување од ЕВН Македонија АД.
Од 7 до 9.30 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од броевите: 74, 75, 76, 77, 78, 79 и 80, а од 7.40 до 11 часот струја ќе немаат корисниците од зградите со броеви: 104, 105, 106, 107, 108 и 109 на булеварот „Јане Сандански“.