Невремето што го погоди Скопје попладнево се чини најголема штета предизвика во Чаир. Насекаде низ населбите има паднати дрвја и искршени гранки.
Откорнати дрвја и покриви се забележани и во Лисиче во скопската Општина Аеродром.
Град ги погоди приградските населби Илинден и Драчево, а во Бутел подвозниците се непроодни од насобраната вода од силниот дожд.