Основан во Јапонија во 2013 година, Минисо активно го истражува меѓународниот пазар и како резултат на тоа, за помалку од 4 години отвара 2600 продавници. До денес, има склучено договори за франшиза со преку 60 држави, вклучувајќи ги УСА, Канада, Русија, Сингапур, Кина, Хонг Конг, Малезија, со месечен вкупен раст од 80-100 продавници.
Новата франшиза на овој јапонски бренд, за својот прв салон во Скопје, има потреба од Персонал за продажба:
ПРОДАВАЧ - СКОПЈЕ
Почетна нето плата: 18.000,00 денари
Се очекува кандидатите да бидат спремни да започнат со работа кон крајот на Ноември / почетокот на Декември.
За одбраните кандидати е обезбедена неколку дневна квалитетна обука, работното време е според работата на трговските центри - 6 работни дена и 1 неработен (согласно ЗРО).