Продолжува континуираниот раст на бројот на вработени во странските инвестиции.
Официјалните податоци велат дека 17 илјади лица работат во фабриките сместени во индустриските зони во земјава. Висината на платата, организираниот превоз, обезбеден оброк и самите услови за работа се доволна причина овие компании со странски капитал да бидат една од првите опции за вработување на граѓаните од Македонија.
Според податоците на ТИЗР од почетокот на годинава бројот на вработени во странските инвестиции се изкачил за 800 лица и сега вкупниот број на вработени изнесува нешто над 17 илјади лица. Тоа е добар показател дека странските инвестиции се место каде се нуди пристојно вработување со сите европски стандарди и почитување на трудот на работниците.
„Имаме над 800 нови работни места само од почетокот на годинава. Ја надминавме бројката од 17.000 вработени во Зоните. Ова се должи пред се на засилената динамика на вработување, односно на ангажирање на луѓе кои што се реализираат заради новите договори кои што се потпишани во изминатите години. Дополнително, бројот на вработени во првото полугодие оваа година во компаниите е поголем за пет отсто, додека споредено со јуни минатата година е регистриран пораст од 14%. Очекуваме ваквиот тренд да продолжи и до крајот на годинава“, велат од ТИРЗ.
Дека добро им оди на компаниите со странски капитал покажуваат официјалните бројки кои покажуваат дека извозот во првите шест месеци достигна близу 2 милијарди евра што претставува пораст од 12% во однос на истиот период лани. Но очекувањата на надлежните се дека оваа година ќе се стаса до 4 милијарди евра извоз заради тоа што дел од капацитетите со кои минатата година е потпишан договор ќе започнат со производство и извозот ќе се зголемува дополнително.
На следните линкови можете да најдете активни огласи за вработување во странски произодствени компании:
- Огласи за вработување во Dräxlmaier
- Огласи за вработување во Kromberg & Schubert
- Огласи за вработување во Magna
- Огласи за вработување во Vitek
- Огласи за вработување во Johnson Matthey
- Огласи за вработување во Marquardt
- Огласи за вработување во Kostal
- Огласи за вработување во Kemet
- Огласи за вработување во Van Hool
- Огласи за вработување во ARC Automotive
- Огласи за вработување во Gentherm
- Огласи за вработување во Lear Corporation
- Огласи за вработување во Gerresheimer
- Огласи за вработување во Tekno Panel
- Огласи за вработување во Iprotex
- Огласи за вработување во Aptiv
- Огласи за вработување во Hi-Tech Corporation
- Огласи за вработување во WIK