Благодарение на поврзувањето на националните електронски системи меѓу Македонија и Србија, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“, граѓаните имаат можност да се вработат во една од овие земји без никакви дополнителни документи, работни визи и посебни дозволи. Сè што треба да направи вашата компанија за да биде видлива за кандидатите од регионот е да изнајми штанд во овие две земји по промотивна цена.
Сведоци сме дека во денешно време бројот на објавени огласи и слободни позиции за работа е во постојан пораст, што на кандидатите им дава неверојатна можност да најдат работа по мерка за себе, а од друга страна, работодавачите да најдат идеални кандидати. И ние, оваа година, продолжуваме да ги шириме тие можности! Така, во рамките на овогодинешниот Регионален саем за вработување, работодавачите и кандидатите од Македонија и Србија можат да ги искористат дополнителните поволности во рамките на пакетот Open Balkan.
Регионалниот онлајн саем за вработување е најголемиот собир на работодавачи и кандидати и годинава ќе се одржи од 24 до 31 октомври. Доколку се регистрирате порано, можете да добиете дополнителни поволности на саемот и попуст до 10% за регистрација и закуп на штанд во двете земји потписнички на Иницијативата Отворен Балкан.
Веројатно сте се соочиле со предизвикувачки ситуации при промовирање на вашата компанија или отежната потрага по кандидати. Со оглед на актуелната ситуација на пазарот на труд и отежнатите услови да се најде и задржи квалитетен кадар во рамките на компанијата, саемот за вработување е вистинското место за вас. Во рамките на саемот можете да ги искористите вашите расположливи ресурси и на најдобар можен начин да го претставите вашиот бренд пред најшироката можна публика. Искористете ја можноста за директна комуникација со потенцијалните кандидати, истакнете ги предностите и придобивките на вашата компанија, презентирајте ја на публиката пријателската атмосфера и култура што ја негувате во компанијата, покажете го вашиот тим...
Vrabotuvanje.com, заедно со колегите од Србија, Poslovi Infostud, Хрватска - MojPosao.net, Босна и Херцеговина - MojPosao.ba и Словенија - Делогласник, го организираат Регионалниот саем за вработување.
Бидејќи на саемот имате можност да се претставите пред повеќе од 500.000 кандидати, доколку се пријавите, ќе имате можност во живо да комуницирате со масовната публика и да ги презентирате придобивките од работењето во вашата компанија пред широк аудиториум.
Дополнително, бидејќи се работи за регионален онлајн саем, ќе имате можност да привлечете кандидати надвор од вашата земја и да ги повикате да работат за вас. Квалитетот на настанот го потврдуваат големиот број компании кои од година во година брзаат да обезбедат место на саемот, како и бројот на нови компании кои за првпат учествуваат.
Она што е позитивен исход од овој тип на вработување е што благодарение на поврзувањето на националните електронски системи меѓу Македонија и Србија, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“, граѓаните имаат можност да се вработат во една од овие земји без никакви дополнителни документи, работни визи и посебни дозволи. Сè што треба да направи вашата компанија за да биде видлива за кандидатите од регионот е да изнајми штанд во овие две земји по промотивна цена.
Регионалниот саем за вработување е достапен на сите уреди 24 часа на ден во текот на сите 8 денови на саемот. Платформата е прилагодена за користење од сите мобилни уреди, таблети, десктоп компјутери, како и на сите интернет пребарувачи, а движењето низ виртуелните штандови е брзо и едноставно.
На страната на Регионалниот саем за вработување можете да најдете информации за овогодинешната манифестација и сите релевантни податоци од минатогодишниот саем, додека во официјалната понуда можете да видите подетални информации за изнајмување штанд на саемот.