Во периодот кога почнуваат годишните одмори, повторно е актуелно прашањето за тоа дали е потребна писмена согласност од едниот родител на детето, доколку тоа патува само со другиот.
Кога дете патува во странство со еден од родителите, кои се во брак, тогаш нема потреба од писмена согласност од другиот. Службените лица во таков случај нема да побараат писмена согласност.
Доколку родителите на детето да се разведени, тоа не може да патува со еден од родителите само ако има забрана за патување согласно член 37 од законот.
Писмена согласност е потребна само доколку лицето до навршени 14 години патува во странство или се враќа од странство без присуство на родител или старател или е во присуство на друго лице.